-->
-->
Триесетина пријавени за скокање по светиот крст во водите на Брегалница
-->
Триесетина лица од Делчево досега се пријавија за овогодишното одбележување на христијанскиот празник „Водици“ во Делчево. Како што информираат од црквата „Успение на Пресвета Богородица“, пријавените кај кои ќе биде констатиран уреден здравствен билтен ќе имаат можност да учествуваат во христијанската традиција за скокање по светиот крст во водите на реката Брегалница во Делчево.
-Во сабота на 19 јануари, во чест на крштевањето Господово, ќе одржиме Света богослужба што ќе почне во 8 часот. Потоа ќе следува голем богојавленски водосвет, како и лицитација на икони и чесниот крст. Како што налага традицијата за овој голем празник во 10 часот ќе се упатиме кон мостот на река Брегалница во центарот на Делчево, каде околу 10:30 часот ќе извршиме спуштање на светиот и животворен крст во водите на река Брегалница. Досега се пријавија околу 30 кандидати кои по претходно направен медицински преглед своето учество го пријавиле кај парохиските свештеници при нашата црква. Истото се однесува и за останатите кои допрва ќе решат да го сторат тоа, истакна старешината на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, протоереј Александар Васев.
Тој апелира до сите пријавени за време на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на река Брегалница да се однесуваат пристојно и во духот на христијанските обичаи карактеристични за овој празник.
Во Делчево традиционално оној што ќе го фати крстот од страна на општината се дарува со парична награда,а награда добива и од црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово