Македонија
17. January 2022 - 12:32

Триесетина деца со церебрална парализа од Охрид бараат дневен центар за нега

Децата со церебрална парализа и посебни потреби од Охрид се соочуваат со секојдневни бариери и безброј проблеми. Tешката пристапност низ градската инфраструктура како и до објектите се првите препреки на кои наидуваат штом излезат од своите домови . Во градот нема пристапни патеки,тоалети  ,плажа. Едвај стигнуваат и до здравствена услуга насекаде скали без пристапни патишта, а многу често и оние обележани паркинг места се узурпирани од возила па поради тоа се соочуваат со изолација се жалат родителите.

Родителите веќе неколку години бараат дневен центар за згрижување на децата каде ќе можат да се  образоваат и дружат.

Освен физичките пристапности државата треба да ја унапреди и јавната свест, бидејќи овие лица се уште се соочуваат со бариерата на нееднаквоста.

Инаку во Охрид има триесетина деца со церебрална парализа на кои им е неопходен дневен центар за згрижување, нега и анимација.