Триесетдневен притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари
Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
- Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Осомничениот како вработен во општината Шуто Оризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект, соопшти денеска Обвинителството.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судија на претходна постапка од Кривичниот суд доставил предлог за определување мерка притвор.
Предлогот на Обвинителството беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од триесет дена.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација