Триесетдневен притвор за скопјанец за поседување оружје
Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против 53-годишен скопјанец за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Јавниот обвинител од ОЈО Скопје ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице до судот достави предлог и со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.
Како што соопшти ОЈО Скопје, при рутинска контрола на возило марка БМВ на 15-ти овој месец во 15:00 часот, на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, пронајдено е оружје и тоа пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје.
По барање на јавен обвинител и одобрување од надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „Христијанско братство“, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож-Бодеж, двоглед и друга опрема.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата