Кошарка
5. October 2016 - 21:35

Триесет милиони евра награден фонд во кошаркарската Евролига

 Околу 30 милиони евра ќе изнесува наградниот фонд на елитното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата, информира извршен директор Жорди Бертомеу.
 
- Околу 30 милиони евра ќе бидат поделени помеѓу клубовите, изјави Бертомеу.
 
Според предвидената распределба, секој од клубовите за остварена победа заработи по 40.000 евра, во натпреварите по групи, додека за триумф во плеј-офот сума ќе изнесува 70.000 евра
 
За шампионот предвидена е награда од 1 милион евра, додека вицешампионот ќе заработи 500.000 евра. Награди ќе има и за преостанатите два тима учесници на „фајнал-форот“ и тоа за третопласираниот во износ од 300.000, а четврторангираниот ќе заработи 200.000 евра.
 
Новата сезона во Евролигата ќе има и нов формат на натпреварување. Наместо досегашниот по групи, сега 16-те екипи ќе играат по систем „секој против секого“, а по 30-те одиграни кола, осумте најдобро рангирани екипи ќе разигруваат во плејофот односно четвртиналето, по што победниците ќе се пласираат на завршницата во Истанбул од 19 до 21 мај 2017 година.
 
Сезоната ќе започне на 12. октомври, со дуелот во Мадрид каде Реал ќе го пречека Олимпијакос.