Свет
7. December 2015 - 18:37

Триесет и три лица загинаа од свински грип во Иран

Во две провинции на југозападен Иран од свински грип во изминатите три недели животот го загубиле 33 луѓе, јави ИРНА.

Според наводи од Министерството за здравство, 28 луѓе починале во провинцијата Керман, а пет во Сиситан-Балучистан.

Надлежните од тоа министерство наведуваат дека вирусот се шири и на други области меѓу кои и во главниот град Техеран.