Македонија
16. September 2020 - 18:38

Триесет дена притвор за тетовец приведен поради откриена марихуана

Откако вчера попладне беше приведен поради откриена марихуана кај него, денеска попладне 34-годишниот Б.Р од Тетово доби 30 дена притвор од страна на судија во претходна постапка, информираат од СВР Тетово.

Кај 34-годишникот, инаку познат на полицијата за слични дела, биле откриени 45 грама марихуана, а полицијата открила дека ја чувал во долната облека.

-Кај наплатната рампа Желино полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Б.Р. При негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тетовецот Б.Р. задржан е во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти претходно од СВР Тетово за приведувањето.

Уште две други лица беа приведени вчера подоцна околу 19:00 часот по претрес во стан и куќа при што беа најдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер кесички.