-->
-->
Триесет дена притвор за кумановецот кој запали 11 возила во Куманово
-->
Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Куманово му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 37 годишниот кумановец З.М. осомничен дека ги запалил 11-те возила во градот.
Како што соопшти денеска ОЈО, З.М. е осомничен дека сторил тешки дела против општата сигурност односно дека на четири локации во Куманово запалил единаесет возила на различни сопственици, при што користел запалка и ги потпалувал возилата кај регистарските таблички.
Лицето е приведено во кумановската полиција, обавен е службен разговор, по што З.М е предаден во ОЈО Куманово, каде што е извршен распит. Кумановецот го признал делото и навел дека возилата ги палел по случаен избор, без одредена цел. З.М бил во алкохолизирана состојба и претходно бил осудуван за семејно насилство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд