Свет
14. January 2017 - 11:25

Триесет цивили загинаa при воздушен напад во ирачкиот град Мосул

Жители на ирачкиот град Мосул тврдат дека 30 цивили загинале оваа недела во воздушен удар насочен против регион под контрола на Исламската држава.

Локалните жители виделе како најмалку три ракети експлодираат во западниот дел на градот. Цел на ракетните напади најверојатно бил домот на висок претставник на Исламската држава. Во моментот на ударот тој не бил во куќата, но од бомбардирањето загинале членови на неговото семејство, пренесува БТА

Американски медиуми наведуваат дека оваа информација не е потврдена од друг извор.

Очевидците велат дека не е јасно дали воздушниот удар е нанесен од коалицијата против Исламската држава предводена од САД или од ирачките сили кои се борат против џихадисти.

Делови од Мосул западно од реката Тигар, која минува низ градот се уште се под контрола на џихадистичката група, а источните региони речиси целосно се под контрола на ирачките војници.