Македонија
13. April 2018 - 8:34

Трибина за зајакнување на врските со македонската дијаспора

Институционалната поставеност на државата за соработка со дијапората, идните предизвици и градење нови модели на соработка меѓу државата и граѓанскиот сектор. Ова се дел од темите на денешната трибина што ја организира Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт - Македонија“.

Трибината е во рамки на проектот „Граѓанско општество-мост за соработка со дијаспората“, кој е поддржан од Цивика мобилитас-Програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, Швајцарската агенцијата за развој и соработка и Македонскиот центар за меѓународна соработка. 

На трибината најавени се обраќања на министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, директорите на МЦМС Александар Кржаловски, и на Агенцијата за иселеништво на Македонија Никола Шалваринов, претставници од Агенцијата за иселеништво на Македонија и од повеќе невладини организации.