Македонија
19. May 2019 - 9:24

Трибина за реформи во образованието

„Реформите во воспитно-образовните установи во Република Северна Македонија, видувања, мислења, сугестии“, е темата на трибината што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на просветните работници во соработка со Министерството за образование и наука.

Воведно излагање на трибината ќе има заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов.