Македонија
3. October 2018 - 8:54

Трибина за нацрт-текстот на законот за спречување корупција и судир на интереси

Трибина за нацрт текстот на Предлог на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси ќе се одржи денеска во организација на Транспарентност Македонија во соработка со Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

Во рамки на трибината министерката за правда Рената Дескоска е најавено дека ќе изнесе кус осврт на Предлог-законот за спречување корупција.

Воведно излагање ќе има Ана Јанеска Делева, извршен директор на  Транспарентност Македонија, а предвиден е и дијалог со политички партии за нивните очекувања за тоа што значи независно антикорупциско тело. 

Трибината е дел од проектот „Вклученост“ на Платформата во набљудување и дебатирање на борба против корупцијата во Македонија, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

Проектот има цел да работи и соработува со институциите и јавноста во насока на измена и усвојување на нова регулатива којашто би била целосно усогласена со европските стандарди, како и со укажувањата во Извештајот за итните реформски приоритети и на оние од невладините организации за потребата од институционални промени

Целта на трибината е политичките партии да дадат свои коментари, сугестии и забелешки на нацрт текстот на Предлог на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.