Трибина „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином - ракот на кожата“
Трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином - ракот на кожата“, ќе се одржи денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
На трибината, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, а ќе учествуваат доктори од неколку клиники и институти.
Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. Може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директна изложеност на Сонце, порачуваат докторите.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата