Македонија
16. May 2018 - 8:57

Трибина по повод Светскиот ден без глутен

По повод Светскиот ден без глутен - 16 мај денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Борба со непознатото“ во организација на здружението „Без глутен“. 

На трибината ќе учествуваат Сара Јовановска, претседател на Здружението „Без глутен”, д-р. Стефка Грујовска, педијатар на Клиника за детски болести, Сашко Дрвошански нутриционист, Кети Ангелковска дистрибутер на безглутенска храна и Ирена Лозано, член на ArtofLivingBioShop.

Мај е меѓународен месец за зголемување на свеста за Целијакија, хронична автоимуна болест за нетолерантност и алергија на глутен. На трибината ќе се зборува за симптомите и последиците на болеста, тешкотиите и пропустите во дијагностицирањето, немањето реагенси во Клиниките, како и проблемите со кои се соочуваат пациентите во однос на неистакнувањето на алергените на декларациите на производите кои се пласираат во Македонија.

Целта на Здружението „Без глутен” е создавање и одржување на контакти и дијалог меѓу Здружението и раководните органи и институции во Република Македонија, зајакнување на правата на пациентите со нетолерантност и алергија на глутен и целијакија, да им се овозможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата и карактеристиките на храната со што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната која ја купуваат вклучувајќи информација во вид на признатиот меѓународен знак дали производот содржи или не содржи глутен за да не го доведе во заблуда потрошувачот.

ArtofLivingBioShop организира донаторска акција за прибирање на средства за набавка на безглутенска и безказеинска храна наменети за семејства со деца со посебни потреби кои ги вклучуваат следниве состојби: аутизам, адхд, адд, дисфункционален развој и останати состојби со препорка и потреба за менување на исхраната во овој правец.

Ново на Сител