Македонија
12. April 2018 - 16:51

Трибина на СПМ за делото на големиот великан Димитар Влахов

Во ликот и делото на Димитар Влахов се гледа континуитетот на македонската борба од Внатрешната Македонска Револуционерна Оорганизација  до градењето на современата македонска држава во рамки на југословенската федерација, истакна професорката Виолета Ачковска на научната трибина за овој истакнат македонски револуционер, државник и социјалист организирана од СПМ.

- Можеби Димитар Влахов е една специфична личност која зборува за специфичноста на македонското социјалистичко движење, бидејќи македонските социјалисти комплетно како група се вклучуваат во дејноста на македонската револуционерна организација. Бидејќи тие сватиле дека за Македонија најгорлво е националното прашање, рече проф. Виолета Ачковска, историчар.

Поздравен говор на трибината на СПМ имаше и претседателот на партијата Љубисав Иванов-Ѕинго

- 90-тите години ние како социјалистичка партија се определивме за ЕУ интеграциите, затоа што немаше светска рамнотежа, го немаше источниот блок, рече Љубисав Иванов-Ѕинго.

Научната трибина на која говореа истакнати историчари СПМ ја организира во годината кога се одбележуваат 140 години од раѓањето и 65 години од смртта на Димитар Влахов.