Македонија
8. April 2017 - 14:47

Трибина: Интеграција на Ромите во општина Куманово

Евидентен е забележителен напредок во однос на интеграцијата на Ромите во општина Куманово, но секогаш постои можност за дополнително подобрување на состојбата на припадниците на оваа етничка заедница во најголемата општина во државата.

Ова беше истаканато на денешната трибина „Интеграција на Ромите во Куманово“ која ја организираше едукативниот центар „Сумнал“ од Куманово. На трибината по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, присуствуваа преставници од локалната власт, од институциите на локално ниво, претставници на политички партии и невладини организации,

Шаип Рамадани, претседател на организацијата „Сумнал“ се осврна на историските моменти на прогласувањето на 8 април за Меѓународен ден на Ромите, потенцирајќи дека во 1971 година се одржал првиот Светски конгрес на Ромите, од 8-12 април во Лондон, на кој се донесени одлуките за знаметои химната и на кој бил за официјален прогласен ромскиот јазик како и терминот Ром.

- На четвртиот светски конгрес на Ромите, кој беше одржан во 1990 година во Полска, било решено 8 април да се прогласи за Светски ден на Ромите и секоја година да се одбележува во целиот свет, рече Рамадани.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, потенцираше дека во последниве десет години, евеидентен е напредокот во однос на интеграцијата на припадниците на ромската етничка заедница во Куманово, потсетувајќи дека ромскиот јазик е во службена употреба на седниците на Советот на општина Куманово.

Што се однесува до образованието, како една од точките на Декдата на Ромиите, додаде, во Куманово се отворени центри за ран детски реазвој од кој едниот сместен во училиштето „ 11 Октомври“ им овозможува на децата да посетуваат предучилишно образование, со што, рече, се олеснува процесот во понатамошниот тек на образованието.

Општината, посочи, има своја социјална програмата која ги опфаќа сите граѓани, како и припадниците на ромската етничка заедница.

- Со регулација на речното корито на Кумановка, успеавме да се справиме со деценискиот проблем, поплавите во кои најмногу беа зафатени наслбите „Средорек“ и „Бавчи“. Со таа регулација створивме пристојни услови за домување, рече Дамјановски.

Тој се осврна и на соработката со невладините организации кои работата на интеграцијата, посочувајќи дека и тие придонеле Ромите да се интегрираат во општеството.

Самет Салиевски од „Рушит Шаќир“ Куманово, очекува дека секоја година Ромите се повеќе да се интегрираат во локалната заедница.

На трибината присуствуваше и Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР кој истакна дека се уште голем процент на Роми во Македонија се невработени и живеат сиромашно