Три златни медали за Стаменковски на Светскиот куп во Бенч преса
Бошко Стаменковски со три златни медали се враќа од главниот град на Русија, Москва каде изминатиот викенд учествуваше на Светскиот куп во Бенч прес, на кој беше единствениот македонски претставник.
Медалите, како што информира Стаменковски, се освоени во три дисциплини во силна конкуренција.
– На овој натпревар најпрвин имавме мерење на 14 декември, додека натпреварите се одржа на 15 декември. Првиот златен медал го освоив во дисциплината за дигање тегови за натпреварувачи до 75 килограми со подигнати 132,5 килограми, златен медал освоив и во дигање тегови со повеќе повторувања во која имав 33 повторувања за подигната иста тежина и исто така со подигнати 45 килограми бев најдобар во дисциплината ,,Strict Curl”, истакна Стаменковски.
За Стаменковски успесите се доста значајни, бидејќи со нив е заокружена уште една добра година на спортски план.
– Задоволен сум од постигнатото, имав учества на Европски и Светски првенства, на кои исто така освоив медали, учествував на неколку Балкански и Светски купови, а за прв пат се натпреварував и во неколку други спортови. Носител сум на Светскиот рекорд во правење склекови, така што оваа 2019 година, можам да кажам дека ми е една од поуспешните во мојата ветеранска кариера, додава Стаменковски.
Бошко Стаменковски од Македонска Каменица е еден од ретките спортисти кој со Пауер-лифтинг и Бенч прес започна да се занимава по 40 година од животот.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела