Три златни медали за македонски готвачи во Измир
Тимот на Македонската асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, освои три златни медали на годинашниот Прв интернационален гастрономски натпревар во Измир, Турција, што се одржа од 6 до 8 мај годинава.
Тимот на готвачи на ГастроМак Македонија, составен од шеф Бобан Билбиловски, Лирим Даути и Цветанче Тодоровски, се натпреваруваа во категоријата приготвување нриба, при што со нивните кулинарски вешти и креативност ги задоволија највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на интернационалното жири.
- Македонските готвачи уште еднаш покажаа и докажа дека можат да се носат рамо до рамо со високите стандарди во светската гастрономија. Уште повеќе, да иновираат, да експериментираат и да ги наметнат своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии, изјави претседателката на асоцијацијата ГастроМак Адријана Алачки.
Исто така, на Асоцијацијата и беше укажана доверба, со тоа што на овој интернационален натпревар, како член на меѓународното жири, беше делегиран и еден од основачите на ГастроМак Македонија, Бесим Латифи, лиценциран судија од WACS - Светската организација на шефови на кујни.
- Чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација и за мене лично, но е и признание за нашата Асоцијација, изјави Латифи.
ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ја претставува Македонија во WACS во која што членуваат национални асоцијации од над 150 држави во светот.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата