-->
-->
Три возила опожарени на подрачјето на Скопје
-->
Три возила се опожарени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Две возила се опожарени на булеварот „8-ми Септември“ од кои едното „голф 2“ било целосно изгорено, а второто „пасат“ сопственост на Н.Н. делумно опожарено. Настанот се случил во 22:50 часот, а увидот ќе се изврши во текот на денешниот ден.
Третото возило „опел вектра“ сопственост на 32-годишниот А.Р. било опожарено во 23:45 часот во селото Студеничани. Возилото било опожарено во предниот дел, а сопственикот не барал да се врши увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо