Loading Video...
Спорт плус
26. July 2019 - 18:54

Три светски рекорди на Мундијалот во Гванжу

Три светски рекорд беа поставени денеска на Мундијалот во водени спортови што се одржува во Гванжу, Јужна Кореја, 
 
Анатоли Чупков постави нов Светски рекорд во дисциплината 200 метри градно. Русинот, исплива во време до 2:06.12.минути што е за 55,стотинки побрзо од досегашниот рекорд, со што Чупков го одбрани мундијалското злато во оваа дисциплина освоено пред две години. 
 
Два рекорди соборија американските пливачи. 
 
Реган Смит е нова светска рекордерка на 200 метри грбно кај дамите. 17-годишната Американка, во полуфиналето, исплива време од 2:03.35 минути, што е за 71,стотинка побрзо од родот на нејзината сонародничка Миси Френклин кој го постави на ОИ во Лондон 2012-та
 
Падна уште еден рекорд кој беше во сопственост на легендарниот Мајкл Фелпс. За тоа се погрижи неговиот сонародник Калеб Дресел кој 100-те метри пеперутка стил ги исплива за 49 секунди и 50 стотинки. 
 
Вредно е да се истакне и златото на австралиската машка штафета 4х200 метри слободно. Австралијците до златото во оваа трка, прво по 16 години стигнаа пред Русите и Американците.