Три случаи на заболени од вирусот чикунгуниа во Италија
Три случаи на заболени од вирусот чикунгуниа, кој го пренесуваат комарците, се регистрирани во реонот на градот Анцио, педесетина километри јужно од Рим.
Според италијанските здравствени власти, станува збор за вирусна болест, проследена со силна треска и јаки болки во зглобовите.
Според лекарите болеста не се лекува, но таа мошне ретко може да биде фатална по здравјето на луѓето.
Најголемиот број од пациентите оздравуваат по неколку денови, но во некои ситуации болките може да потраат со недели, па и месеци, додека во поретки случаи болката во зглобовите трае и подолго време.
Болест е раширена во тропските предели на Источна Африка и во некои делови од Азија, но за тројцата заболени во Анцио се знае дека не престојувале во тропските подрачја, а вирусот е со локален карактер.
Болеста не се пренесува од човек на човек, но како мерка за заштита здравствените власти наредиле веднаш да се запре со крводарителството.
На 3. септември во градот Бреша, почина едно девојче како последица на церебрална маларија.
Маларијата и чикунгуниата се мошне ретки во Италија, затоа што уште во почетокот на педесетите години на 20 век, се исушени сите мочуришта и мочурливи терени, кои се легла на комарците.
Овие две болести на крвта, се пренесуваат од различни видови комарци.
Првпат чикунгуниата во Италија се појави во 2007 година, во областа Емилиа Романа, но вирусолозите засега не знаат како болеста успеала да се пресели во реонот на Анцио.
Вирусот го шират комарците од видот „aedes aegypti“, кои касаат во текот на денот. Името на болеста е од африканско потекло.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти