Три силни земјотреси ја погодија централна Италија
Серија од три силни земјотреси ја потресоа централна Италија, јави АНСА.
Првиот земјотрес со интензитет од 5,4 степени Рихтерови се случи во 10:25 часот, по локално време. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил на 111 километри североисточно од Рим, на 28 километри од општина Асколи Пичето и на 36 километри од градот Аквила. И двете населени места беа погодени од претходните силни земјотреси. Потресот бил на длабочина од 10 километри.
Во 11:14 часот, по локално време беше регистриран втор земјотрес со интензитет, според различни извори, меѓу 5,6 и 5,7 степени. Потресот беше на длабочина девет километри, а епицентарот во реонот меѓу општините Аквила и Риети, на 109 километри североисточно од Рим. Најблиску до епицентарот се општините Капитињно, Кампопосто, Аматриче и Кањано Амитерно.
Третиот силен земјотрес со интензитет од околу 5,5 степени регистриран е во 11:26 часот, по локално време. Епицентарот беше на 110 километри североисточно од Рим и на длабочина од 40 километри во зоната помеѓу општините Риети и Аквила.
Од безбедносни причини во Рим, каде што беа почувствувани потресите, беа евакуирани патниците од метрото.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња