Три раскази на Томислав Османли објавени во списанието „Акт“
Три куси раскази на македонскиот автор Томислав Османли се објавени во најновиот јубилеен број на списанието за уметност и култура „Акт“ кое се појавува во Ваљево.
Станува збор за прози со меланхолична интонација кои се знимаваат со проблемот на постоењето и на меморијата. Расказите „Повод“ и „Птица“ ја обработуваат темата на сеќавањето и смртта, а третиот „Кус расказ кој можеше да биде голем роман“ е литературна игра со прелажноста на авторското, но и на човековото креативно сеќавање.
Оригинално пишувани на српски јазик, расказите се објавуваат првпат во ова списание. Како дел од најновата прозна книга на Османли, претстојнава година расказите ќе се појават и на македонски јазик.
Во матичната библиотека „Љ. Ненадовиќ“ деновиве беше промовиран јубиејниот 70-ти број на списанието „Акт“ кое континуирано се појавува од 2001 година. Во ова книжевно списание Османли четврти пат објавува свои книжевни прилози. Пред пет години таму беше објавена неговата сатирична фантазија „Напрегнато“, по што редовно е покануван на нови соработки. Во 2014 година со расказот „Смислата“ и двете прози од неговата збирка „Каприча“, кон крајот на минатата година застапен со поновата сатиричната проза „Сонот на Ангеле Богев“ и сега со трите рефлексивни прози.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела