Македонија
17. August 2020 - 11:43

Три рачни бомби од Првата светска војна пронајдени на фудбалско игралиште во битолско Долно Оризари

Три неактивирани рачни бомби, кои потекнуваат од Првата светска војна, се пронајдени вчера во близина на фудбалското игралиште во битолското село Долно Оризари.

– На 16.08.2020 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на фудбалското игралиште во село Долно Оризари, битолско, при изведување на градежни работи, биле пронајдени три неактивирани рачни бомби, кои потекнуваат од Првата светска војна, соопштија денеска од МВР.

Бомбите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.