Живот
12. November 2017 - 21:11

Три пати поевтин и без хемикалии - направете сами омекнувач за алишта

Направете сами омекнувач за алишта кој е три пати поевтин, а од кој алиштата долго ќе мирисаат прекрасно.

Ви требаат една шолја топла вода,алкохолен оцет, како и регенератор за коса. Измешајте ги и направете совршен омекнувач.

Инаку, можете да направите количина која вам ви одговара, така што на шест шолји топла вода се ставаат три шолји алкохолен оцет и регенератор. Од тоа излегува литро омекнувач за алишта.