Македонија
28. March 2018 - 17:55

Три опции за високите сметки за патни трошоци на пратениците

Три модели: надоместок по изминат километар, службено возило и кирија за станови во Скопје, за три категории на пратеници зависно од тоа  колку далеку живеат надвор од Скопје, биле изготвени во работната група во Собрание како решение за високите патни трошоци за народните избраници. Во работната група учествуваат сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, брифираат пратеници од власта. Идејата се очекува да биде понудена на опозициската партија наредната недела, а веќе до крајот на април да се подготват и законските измени на зкаонот за пратеници. Анализата покажала дека со овој предложен модел трошоците од милион евра кои сега се трошат за оваа намена секоја година, ќе бидат речиси преполовени.

Според идејата пратениците ќе бидат поделни во три категории. Во првата група влегуваат народни избраници кои живеат на оддалеченост од 15 до 70 км од зградата на Собранието. Овие пратеници ќе имаат право на паричен надоместок за пат и тоа на нив ќе им се исплаќа по сегашниот предло 20 отсто од цената на безнинот по изминат километар.

Втората категорија на пратеници се оние кои живеат на 70 до 120 километри од парламентот. Овие паралментарци ќе можат да избираат межу две опции. Првата е да земаат пари како првата категорија пратеници. Втората опција е Собранието да им додели службени автомобили кои ќе бидат земени на лизинг.

Третата категорија пратеници се оние кои живеат подалеку од 120 километри. Овие нардони избраници ќе можат да избираат меѓу три опции. Првата и втората опција се паричен надоместок и службени возила. Третата опција се да им се дадат пари за стан под кирија и тоа 300 евра за самата закупшнина и 200 евра за режиски трошоци. Пратениците сами ќе ги избраат становите кои ќе ги закупат.

Оние народни избраници кои ќе ја одберат опцијата со службени станови, ќе немаат право на надоместок за одвоен живот бидејќи самостојно го направиле изборот. Тие ќе имаат можност четири пати месечно на државен трошок да си отидат дома, најчесто за викенд.

Предлогот ќе оди и на јавна распрва. Патните трошоци за пратениците со години се критикуваат во јавноста поради тоа што дел пратеници земаа и десетици илјади евра за неколку месеци. Се води и истрага за евентулана злоупотреба.