Македонија
2. December 2016 - 9:28

Три нови улици во Ѓорче Петров

Новоизградените подулици „3“,„4“ и „5“ кои гравитираат на улицата „Алекса Демниевски“ во Ѓорче Петров се целосно завршени.

Како што соопшти Општината, должината на улиците изнесува 501 метар, а тие се широки 6,30 метри. Изградени се и тротоари од двете страни на улиците и изведена е атмосферска канализација. Исто така поставено е ново улично осветлување на трите улици.

За овој проект општината од својот буџет одвои 10.5 милиони денари.