Македонија
28. February 2017 - 8:25

Три нови авионски линии на Скопскиот аеродром

Три нови авионски линии од Скопскиот аеродром денеска ќе промовираат ТАВ Македонија и „Виз ер“, а воедно ќе информираат и за достигнувањето три милиони патници во Македонија од страна на унгарската авиокомпанија.

На настанот предвидено е да се обратат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералениот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и главениот директор за корпоративни прашања на „Виз ер“ Овен Џонс.