Македонија
30. јуни 2018 - 11:55

Три непознати лица излегле од автомобил и го претепале – момче се бори за живот

Дваесет и едногодишно момче се бори за живот на Скопските клиники откако вчера попладне во 17.20 часот во населбата Автокоманда е претепано од непознати лица.

Вчера и во текот на ноќта момчето Н.С не било контактибилно. Според првичните информации од МВР, го претепале три засега непознати лица.

Непознатите излегле од автомобил Мерцедес и го нападнале момчето кое се движело по булеварот Александар Македонски во близина на автобуската постојка.

По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.