Живот
16. January 2019 - 20:16

Три мртви деца пронајдени во замрзнувач: Децата си играа во дворот и исчезнаа, кога ги најде полицијата затекна ужасна глетка

Игра на три деца во дворот во семејниот дом на Флорида заврши кобно за нив.

Брат (6) и сестра (1) и уште едно девојче (4) додека си играле останале заробени во замрзнувач каде ги пронашле мртви, изјави локалната полиција.

Двете деца, шестгодишното момче и едногодишното девојче, живееле со бабата на истиот имот на кој живеело и четиргодишното девојче со својата мајка.

Ги оставиле сами на кратко, а кога не можеле да ги најдат во куќата, тргнале да го пребаруваат дворот. На крајот ги пронашле децата мртви во неодамна купениот замрзнувач.

Со оглед на тоа што се уште не бил приклучен, неколку дена стоел надвор од куќата, во дворот, а децата влегле внатре и повеќе не можеле да го отворат. Жените повикале полиција и пожарникари. Кога го отвориле замрзнувачот затекнале ужасна глетка. Малечките лежеле еден преку друг во фрижидерот. Очигледно било дека децата за задушиле зошто останале без воздух. Сепак се обиделе да ги реанимираат, но им немало спас.

„Немам зборови за да опишам колку ни беа скршени срцата“, рече Сам Џон, шериф на округот Сувани.

„Секој пат кога ќе видиме деца кои настрадале во вакви или слични несреќи, ни се крши парче од срцето. Ова не можам да ви го опишам со зборови. Единствено што може да направиме е да продолжиме понатаму“, додаде тој.