Македонија
9. August 2018 - 16:29

Три момчиња во исти ден спасени во водите на Охридско Езеро

Во еден ден спасени од давење три млади животи во Охрид. Едно 16 годишно момче на плажата Парк и две малолетни деца на базен . Момчето пливајќи во длабочините почнало да се дави ,додека кај децата настанaло групно давење во базенот по што навремено било интервенирано од страна на спасителите на вода.Тие и ова лето со полни раце работа досега имале 18  успешни интервенции на давеници во водите на Охридското езеро.

Причините начесто се недоволно познавање на пливање, злоупотреба на алкохол и опојни средства и  разлика на температурата на телото и водата.

Од Црвениот крст апелираат до капачите да ги користат плажите кои се безбедни ,додавајќи дека сезоната е при крај а 30 проценти од капалиштата сеуште немаат ангажирано спасители на вода .

Инаку ова лето беше фалално за 20 годишното момче од Куманово кое се удави кај плажата Магнус откако падна од педалинка во езерото.

Вчера од планинарската служба  пак интервенирале кај парагладерист од Украина кој од засега непознати причини паднал во националниот парк Галичица во месноста викана Баба, тој во контактибилна состојба е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде што му се констатирани тешки телесни повреди.