Живот
26. јуни 2018 - 14:37

Три места покрај него на Мундијалот секогаш се празни: Трагичната приказна на навивачот со 4 влезници ќе ви го скрши срцето

Гилберто Мартинез од Мексико има по 4 карти за Мундијалот. Но на натрепварите оди сам. Сепак ги носи и останатите влезници.

Зошто? Зад тоа прашање се крие приказна која го пара срцето!

Тој пред почетокот на Мундијалот, на кој планирал да оди со сопругата Вероника и децата Миа и Диего, ја посетил Флорида. Биле кај роднини. И тогаш се случил страшниот 28 април. Во нивниот автомобил удрило возило кое Гилберт за еден момент го оставило без семејство.

Вероника (42), Миа (6) и Диего (8) загинале.

Целосно скршен од трагедијата, добил совет од психологот кој го послушал. Отишол на Мундијалот со сите четири влезнииц. Влезниците биле покрај него кога Мексико ја порази Германија, а мексиканскиот голман Очоа по победата му испрати срцепарателна порака.

-Ова беше за твоето семејство, напиша тој.

Влезницата на Диего беше на трибините и за време на дуелот Бразил - Костарика. Малиот Диего сакаше да го види во живо својот идол, Нејмар.