Балкан
10. January 2017 - 15:47

Три лица загинаа при уривање на натстрешница на џамија во Истанбул

Три лица загинаа, а 23 се повредени денеска при уривање на натстрешница на џамија во Истанбул, јави весникот „Милиет“.

Натстрешницата на џамијата Атакој во квартот Бакаркој, во европскиот дел од Истанбул, се урнала под тежината на снегот што бил паднат на неа.

Инцидентот се случил за време на погребна церемонија по пладневната молитва.

По уривањето на натстрешницата десетици лица останале затрупани под снегот.

Спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на инцидентот.