Свет
11. September 2015 - 8:33

Три лица загинаа, а најмалку 25 се исчезнати во поплавите во Јапонија

Три лица загинаа, а најмалку 25 се исчезнати во поплавите во Јапонија, соопшти јапонската полиција. 

Исчезнатите лица се жители на градот Џосо, во централниот дел на префектурата Ибараки, кој всушност е целосно под вода. Околу 580 лица во градот чекаат да бидат спасени.

Поплавен беше и градот Осаки, во североисточната префектура Мијаги. Нема информации за настрадани лица во тој град. 

Три фабрики на автомобилскиот гигант Тојота ја стопираа работата.

Според метеоролозите изминатите три дена во североисточна и централна Јапонија наврнале 600 милиметри дожд. 

Врнежните беа предизвикани од тајфунот Етау, кој во вторникот ја погоди земјата и од тропската бура Кило