Свет
28. August 2015 - 13:40

Три лица уапсени во Унгарија во врска со камионот со мртви имигранти во Австрија

Три лица се уапсени во врска со смртта на 71 мигрант, откриени вчера во оставен камион на пат во Австрија, соопшти денеска австриската полиција.

Уапсени се Бугарин и Унгарец, кои управувале со камионот и уште едно лица со двојно државјанство, унгарско и либанско.

Во оставениот камион-ладилник во Австрија се пронајдени 71 тело - 59 мажи, осум жени и четири деца, вклучувајќи и двегодишно девојче, изјави портаролот на полицијата. 

Најверојатно станува збор за имигранти од Сирија, бидејќи властите пронашле сириски патни исправи во камионот.