Свет
30. јуни 2020 - 11:56

Три лица уапсени поради чување на дете во кафез опкружен со змии и глувци

Три лица во Тенеси се обвинети дека држеле дете во кафез, опкружено со глувци и змии, јавуваат медиумите.

Инспекторите го направија вознемирувачкото откритие во четвртокот, откако добија повик да го испитаат насилството врз животните, објави „New York Post“.

Според шерифот, пронашле 18-месечно момче во кафез, каде живеело некое време.

Како што рече, кафезот бил полн со инсекти и мирисал на урина.

Во дневната соба имаше кафез, а околу него имаше осум змии и глувци трчаа наоколу – рече шерифот Монте Белев.

Социјалната служба го однела момчето, а полицијата уапси три лица, мајката на момчето, очувот и неговиот татко.

Полицијата запленила и 17 пиштоли, а на имотот пронашла и запленила и голем број на животни: кокошки и петли, 56 кучиња, 10 зајаци, три мачки, осум змии, четири папагали, фазан и геко гуштер.