Македонија
16. March 2018 - 9:15

Три лица повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица се здобиле со полесни повреди во три од вкупно седум сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири  била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаци. Санкционирани биле и 23 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои  возеле под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 11 нерегистрирани возила и едно возило за претовар. Затекнати биле 112 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 70 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“  ќе реализира едукативна работилница со децата од второ одделение во ООУ „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров.