Македонија
23. December 2018 - 11:46

Три лица повредени во сообраќајка во Скопје, пренесени во Клинички

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера на крстосница од ул.“2-ра Македонска бригада“ и ул.“Методија Митевски“.

Од полицијата информираат дека во несреќата, регистрирана во 19:40 часот, учествувале ,,Фолксваген голф“ управуван од Д.Џ (45) од Скопје и “Рено “ управувано од Б.Д (27)  од Скопје.

- Со повреди се здобиле сопатниците во возилото ,,Рено “ А.Б (30) од Скопје ,Е.С(33) од Скопје, како и патникот во возилото “Фолксваген голф“ Е.Ш(24) од Скопје, кои биле пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза“ Скопје, информираат од МВР.