Македонија
24. October 2016 - 14:31

Три лица повредени во меѓусебна пресметка

Три лица се повредени со остри предмети ноќеска околу 00:20 часот на ул.„376“ во Скопје од четворица напаѓачи. 

Причина за пресметката, како што соопшти полицијата, било меѓусебно нетрпение.

Околу 03:10 часот во полиција било пријавено дека околу 00:20 часот во Скопје на ул.„376“, Ш.И. (49), В.Д. (25) и С.И. (43) биле нападнати со остри предмети од страна на Б.И. (43), Т.И. (34), С.Ш. (20) и уште едно засега непознато лице.

Повредените биле пренесени во Ургентен центар Скопје каде им биле констатирани телесни повреди.

Бил извршен увид на местото на настанот, а подигнати биле траги од крв и еден нож за кој се претпоставува дека бил употребен при насилството.

Во Полициската станица Бит Пазар приведени биле Б.И., Т.И. и С.Ш. за расчистување на настанот.