Македонија
3. November 2020 - 10:31

Три лица повредени, откако со автомобил удриле во ѕид

На 02.11.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на ул.„10“ во с.Чучер Сандево, С.Л.(29) од с.Мирковци, скопско, управувајќи патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид.

Во незгодата 17-годишен сопатник од с.Мирковци се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште еден сопатник А.З.(19) од с.Мирковци се здобиле со телесни  повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.