Македонија
26. јуни 2019 - 10:49

Три лица каснати од кучиња скитници

На 25.06.2019 година во 13.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.М.(66) од Скопје пријавила дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 25.06.2019 година во 17.30 часот во Полициската станица Центар, К.Ч.(35) од Скопје пријавил дека на улица „Ѓорѓи Пешков“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 25.06.2019 година во 11.00 часот во Полициската станица Центар, С.Б.(23) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.