Кошарка
5. July 2018 - 14:47

Три контролни средби на македонските јуниори

Во овој период од годината вообичаено помладите кошаркарски репрезентаци се подготвуваат за настап на европската сцена.
 
Како дел од подготовките за јуниорското првенство за играчи до 18 години што ќе се одржува во Скопје, од денеска до сабота, македонската селекција ќе одигра контролни натпревари против Австрија, Романија и Бугарија.
 
Сите средби македонските јуниори ќе ги играат во СЦ Кале во Скопје со почеток од 20:30 часот
 
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
5. јули 
18:00 Бугарија - Романија
20:30 МАКЕДОНИЈА - Австрија
 
6. јули 
18:00 Австрија -Бугарија
20:30 Романија - МАКЕДОНИЈА
 
7. јули 
18:00 Романија - Австрија
20:30 МАКЕДОНИЈА - Бугарија