Живот
18. April 2019 - 18:44

Три хороскопски знаци на кои ништо не им е доволно: Родени се да критикуваат

Некои луѓе едноставно не може да ги задоволите, а астролозите тврдат дека тоа има поврзаност со знакот во кој се родени и истакнуваат три најголеми критичари во зодијакот.

Може да се трудите до бескрај, но ако имате работа со некој од овие хороскопски знаци, целиот труд ќе биде залуден, бидејќи тое се вистински професионалци во пронаоѓање на работи кои не им се допаѓаат.

Близнаци
Еден од најнеодлучните знаци е воедно и најдобар во критизирање на работите. Нивната наклонетост кон предомислување е неверојатна, а токму поради неа ќе успеат да пронајдат негативни работи, дури и таму каде што нормален човек не би можел да пронајде.

Девица
Девиците се перфекционисти, а со самото тоа и се многу склони кон критизирање – не само кон другите, туку и кон самите себе. На другите можеби тоа им делува како хронично незадоволство, но девиците всушност само се обидуваат да ги направат работите совршени.

Водолија
Овој знак не е толку склон кон критизирање на другите, колку што сака да пронајде грешки кај себе. Водолиите би сакале да бидат совршени во сè што прават, а кога тоа нема да им успее, се чувствуваат како вистински губитници. За нив самокритикувањето е еден вид на терапија.