Три големи пожари во скопскиот регион, нема повредени
Вчера околу 07.00 часот, во работилница за прозори и врати на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, сопственост на С.П.(58) од Скопје, од засега непознати причини, избувнал пожар, при што биле опожарени врати, прозори, иверка и медијапан, како и машини за изработка на прозори и врати. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот бил изгаснат во 08.30 часот. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.
Синоќа околу 23.30 часот во еден од хангарите на земјоделската задруга „Слобода“ во село Зелениково, скопско, избувнал пожар при што изгореле околу 1.200 бали сено. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.
Синоќа околу во 23.55 часот на улица „Вамбел“ во Скопје избувнал пожар во барака сопственост на Е.Д., , а на соседната барака, сопственост на М.Р., и била опожарена кровната конструкција. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица. Увид ќе се врши во текот на денот.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња