Кошарка
7. јуни 2017 - 10:55

Три екипи од АБА лигата следната сезона ќе играат во Еврокупот

 Регионалната кошаркарска АБА лига во следната сезона ќе има три претставници, а тоа се финалистот Цедевита, и полуфиналистите од последната сезона Будуќност и Партизан.

Покрај трите аба-лигаши, второто по квалитет клупско европско кошаркарско првенство во новата сезона ќе брои уште по три екипи од Русија и Шпанија, по две места се резервирани за Италија, Германија, Турција и Франција, додека по еден клуб ќе имаат Израел, Полска, Грција и Литванија.

За да се достигне бројот од 24 учесници, три специјални покани ќе бидат доделени дополнително.

Победникот од Еврокупот ќе обезбеди место во Евролигата, а според некои информации ќе биде зголемен и фондот за парични награди