Македонија
9. July 2016 - 12:33

Три дена заглавени на пат: 18 луѓе го загубија животот во гужва на патарина

Дури 18 луѓе загинаа во сообраќајната гужва во Индонезија која траела три дена. Возачите кои патувале од главниот град Џакарта до Тегал влегоа во огромна гужва и тоа на високи температури и спарно време.

Големите гужви настанале на крајот на Рамазан, кога милиони луѓе се упатиле од градовите во селата. Цели семејства биле заглавени во автобуси и патнички возила и до три дена.

Екипите на брзата помош кои тргнале да помогнат, тешко се пробивале низ гужвата. Шри Гунанди Парвоко од Брзата помош изјави дека барем 12 починале од исцрпеност и веројатен срцев застој, додека останатите загинале во сообраќајни несреќи предизвикани од гужвата.

Поголем број од починатите и порано пателе од срцеви тегоби или биле стари луѓе. Меѓутоа, ова е прв пат волкав број на луѓе да починат како последица на сообраќајна гужва