-->
-->
Три дена пред почетокот на изборната кампања во Бугарија, владејачката партија има стратешка предност
-->
ГЕРБ (28,5 отсто) влегува во трката во изборната кампања во Бугарија со стратешка предност од пет поени во однос на нејзиниот главен конкурент БСП (23,2 отсто), според последното истражување на „Алфа рисрч“ објавено на Бугарската национална телевизија.
Дописникот на МИА од Софија јави дека според истражувањето ќе се води спорна трка за трето место помеѓу Движењето за права и слободи (12,5 отсто) и новоформираната формација „Има таков народ“ (13,3 отсто).
Резултатите покажуваат голема веројатност за шест, па дури и седумпартиски парламент во Бугарија по 4 април, доколку кампањата ја зајакне и зголеми поддршката за Демократска Бугарија (5,7 отсто), коалицијата на Маја Манолова (4,5 отсто) и ВМРО ( 3,7 отсто).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите