-->
-->
Три дена не работеле хируршките сали на Клинички
-->
Три дена операционите сали на хируршките клиники не биле во функција поради технички проблем.
Според информации на Сител причина е пукната цефка која била поврзана со доводот на кислород и во функција била само сала за итни случаи.
Сите пациенти кои биле закажани за 8 и 9 април биле одложени со напомена дека ќе бидат повикани за 15 до 20 дена.
Од денеска салите се во функција, но засега нема официјални информации од надлежните колку операции биле одложени и како ќе биде надополнето тоа што е пропуштено.
Побаравме став од Министерството за здравство како и од Службата за заеднички работи кои се задолжени за сервисирањето, но до овој момент нема официјален одговор. Многу повеќе на оваа тема пренесуваме во Вестите во 16 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење