Балкан
7. May 2018 - 15:23

Три деца останаа без мајка поради монструм: Мажот упаднал во куќата и ја избодел до смрт пред нејзините деца, лекарите затекнаа страотна глетка

Јелена Г. (38) е убиена околу полноќ во семејната куќа, пред очите на своите деца. Таа е пронајдена мртва во својата куќа во која наводно со нож, повеќе пати е избодена до смрт.

Српски Курир неофицијално дознава дека полициајта во Косјериќ трага по невенчаниот сопруг на покојната Јелена И. Р. за кој се сомневаат дека ја убил несреќната жена.

Според соседите, Јелена веќе некое време имала проблем со него.

„Тој ја малтретираше, се жалеше дека ја тепал и лошо се однесувал кон неа, а знаеме и дека имал забрана за пристап“, велат соседите.

Тие говорат дека во неделата навечер И.Р. дошол до нејзината врата, како и дека во време на убиството, во куќата имало и три деца, кои најверојатно се сведоци.

Според зборовите на соседот, најстариот син дотрчал во Здравствениот дом, кој се наоѓа блиску до куќата и побарал помош, но кога тие дотрчале, Јелена веќе била мртва.

Јелена зад себе остави три деца, едното дете наскоро ќе наполни 18 години, второто е шесто одделение и третото има 3 години.

Истрагата и потрагата по осомничениот се во тек, ќе биде направена обдукција, а полицијата се уште не се огласи за деталите на ова тешко кривично дело.