Македонија
26. May 2016 - 10:55

Три автомобили се судрија на Ленинова

Три автомобили предмалку се судрија на улицата Ленинова во Скопје. Едниот од автомобилите е на авто-школа.
 
За сега не се знае како дошло до несреќата во која за среќа нема повредени лица. Направена е само материјална штета.
 
Сообраќајот на улицата е отежнат.